Жена и нејзиниот љубовник сексуален престапник, се осудени на казна затвор на повеќе од 20 години поради убиство на нејзиниот пораншен сопруг за време на „средновековен двобој“ во источен Лондон.

Аста Јускаускиен (35) го наговорила својот 25- годишен љубовник да се бори против таткото на нејзината ќерка Гиедруис , па според наведеното наградата за победникот ќе биде таа.

Кведрас, кој бил осуден силувач во рок од неколку секунди го убил својот невооружен и пијан противник прободувајќи го 35 пати во градите, лице и вратот.

Убиството се случило минатата година во 17 јуни во Њухам, а наредниот ден, двајцата вљубени славеле победа, па излегле на вечера, пишува „Индепендент“.

Жената е казнета на 24 години затвор во петокот, по што е прогласена за виновна за убиство и попречивање на правдата, додека нејзиниот љубовник пак добил 22 години казна затвор откако признал дека извршил убиство.

Парот ја започнал врската преку социјалние мрежи додека тој издржувал казна затвор во Литванија, држава од која и двајцата потекнуваат, а бил осуден поради напад на тинејџерка.

Кведарас пристигнал во Велика Британија и се запознал со неа, само пет дена откако она го организирала двобојот со нејзиниот 42 годишен сопруг.

Обвинителот рече дека станува збор за „средновековен дуел“ чии учесници играле по различни правила и биле со различни способности.

„Јускаускас бил многу пијан и за разлика од противникот не бил насилен и немал никакво оружје.

Според зборовите на сведок жената неколку пати велела дека сака мажите да се тепаат за неа, па таа да биде како награда на оној што ќе победи.

„Мислам дека ќе играм сè додека не западнам во невоља. Претпоставувам дека ги сакам ризиците и опасностите“, рекла осудената жена на пријателка, која ги повтори зборовите на суд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.