Германскиот министер за здравство Јенс Спан во интервју рече дека „журките за време на летото се неодговорни“, коментирајќи ги новите правила што ги воведе Шпанија како регион со ризик, во услови на пандемија на коронавирус.

Кој оди во Шпанија и покрај предупредувањето, треба да се заштити себеси и другите додека е на одмор, изјави Спан за „Билд ам Сонтаг“. Министерот истакна дека случаите на Ковид-19 во Шпанија растат.

Коментарите доаѓаат откако Германија воведе задолжителни тестови за коронавирус за враќање во земјата за секој што се враќа од регионите кои имаат зголемени случаи на вирус.

Алтернативно, Германците кои се враќаат од одредените области со ризик мора да влезат во 14-карантин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.