Хрватот Ѓуро Хорват е сопственик на компанијата „Техникс“ кој на сите свои вработени им упатил допис дека ќе ги казнува доколку завршат во самоизолација. Тој ќе им ја намали платата за 10 отсто, ако не се внимателни и не се грижат за сопственото здравје.

Донесовме мерка за дестимулирање на луѓето кои се во таков однос кон сопственото здравје и кон компанијата затоа што нѝ недостасуваат 20 луѓе. Истовремено, тие пари ги насочуваме на оние вработени и менаџери кои се здрави и кои одговорно се однесуваат, сакаме микроорганизација на свеста на сопствена одговорност. Сите мораме да се вклучиме, секоја локална заедница, компанија“, рекол Хорват за ХРТ.

Според Хорват, ако некој оди во кафуле и се зарази, тогаш сам го предизвикал тој дел од нездравиот живот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.