Во Националниот Парк Галичица почна изградбата на репродуктивниот центар за елени. Центарот со големина од стоттина хектари ќе биде дом на 30 елени (24 женки и 6 мажјаци), а ќе биде опремен со модерна инфраструктура: карантин, хранилишта, поилишта, солишта и набљудувачници.

Проектот, вреден 340.000 евра, е дел од Програмата на Европската унија „Подобрување на управувањето со заштитените подрачја”, вредна 4,3 милиони евра, а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање,сооштија од Националниот парк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.