Познатиот египетски блогер Шериф Габер, кој се декларира како атеист, тврди дека „повеќе нема надеж за живот во Египет“ и покрена веб страница за собирање пари, под наслов „Помогни ми да побегнам од Египет”, со што ќе се обиде да дојде до средства за да купи друго државјанство.

Со помош на видеото во кое тој бара донации, за само еден ден собра над 12.000 долари. Тој вели дека му се потребни 100.000 долари за да добие државјанство, на пример, на карипската островска држава Доминика.

Според Габер, тој, иако нема криминално досие, бил неколкупати спречен од државните служби за национална безбедност да ја напушти земјата, а бил и затворан за богохулење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.