Министерот за здравство д-р Венко Филипче во изјава за медиумите информираше дека новогодишната ноќ помина мирно за дежурните екипи споредбено со претходните години.

Во Ургентниот хируршки центар извршени се десетина прегледи и приеми, споредбено со 30, 40 во изминатите години.

Десеттина прегледи и приеми се изведени и на Клиниката за токсикологија, исто така многу помалку споредбено со 30-тина случаи кои биле примени во претходните години.

„Навистина се почитувале мерките, да нема прослави, да нема групирање и тоа е една голема заслуга и на граѓаните“, рече Филипче.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.