По подолго време, поради ситуацијата со коронавирусот, Детскиот музички фестивал „Поточиња“ повторно на отворена сцена и пред публика ќе го одржи своето 18. издание, на 3 јули, сабота, на „Школка“ во Градскиот парк со почеток од 11 часот.

Од организацијата, Пап продукција, информираат дека во услови на пандемија изминатите месеци морало да се ограничи бројот на деца – учесници.

На публиката ќе ѝ бидат претставени новите единаесет песни, а низ фестивалската приказна ќе ги води популарната маскота „Поки“.

Влезот е бесплатен, а фестивалот ќе биде организиран согласно протоколите за заштита од Ковид – 19.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.