Оваа година не претерувајте со декорирање на празничната трпеза – одлучете се за нешто поедноставно.

Иако оваа година ќе ја дочекаме во помало друштво од што сме навикнати, причините за да ја дочекаме свечено, со среќа и надеж да биде значително подобра од претходнава – можеби се посилни од било кога.

Како ќе ја дочекаме новогодишната ноќ во удобноста на нашите домови – посебно внимание посветуваме на новогодишната трпеза. Што е пожелно да има на неа, а што никако не смее да се најде таму – Фенг шуи открива!

1. Многу храна на трпезата

Ова можеби е најпознатата одлика на новогодишната трпеза. Се верува дека колку повеќе храна има на новогодишната маса, толку повеќе среќа ќе има наредната година за семејството. Според кинеската астрологија, 2021-ва година е година на Биволот, па затоа дополнително треба да се потрудиме на трпезата да има изобилство од храна.

2. Зеленило, овошје и зеленчук

И овој совет се однесува на годината на Биволот. За да го ‘смириме’ Биволот’, наводно треба да ставиме многу овошје и зеленчук на новогодишната трпеза, советуваат источните експерти на Фенг шуи.

3. Риби и избор на месо

Колку помалку месо толку подобро, кога станува збор за овогодишната празнична трпеза, по секоја цена треба да избегнувате говедска или телешка храна, повторно поради Биволот. Колбасите исто така не се препорачливи на новогодишната трпеза.

4. Едноставна храна

Колку помалку состојки содржи храната, толку подобро. Биволите сакаат едноставност.

5. Компир и мешунки

Обожуваните намирници на Биволот треба да се најдат на новогодишната трпеза. Користете ги како прилози или додадете салати.

6. Житарици и ритуал за привлекување пари

Ориз, просо, јачмен, исто така може да се користат како прилози, но ако не ги сакате, треба да ставите на масата барем една чинија со ориз. Не заборавајте во неа да ставите неколку парички – ова е најпознатиот источен ритуал за привлекување пари.

7. Млечни производи

Павлаката и путерот треба да бидат состојки за новогодишните јадења. Не заборавајте и некое добро сирење.

8. Поставување на масата

Биволот не сака претерување. Подобро е да изберете неутрално, природно поставување на масата. Чаршавот нека биде бел, садовите едноставни. Салфетките и декорот можат да бидат во беж или сини тонови. Мотиви од растенија се пожелни. Ако сакате трпезата да блеска, изберете сребрени и метални детали. Свеќите се и тоа како пожелни на новогодишната трпеза.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.