Фенг шуи филозофијата за уредување на домот подразбира дека треба да се придржуваме до одредени правила за уредување на домот за да имаме позитивна Чи енергија. Постојат грешки кои многумина ги прават во својот дом, а тие можат да бидат магнет за вибрации од негативна енергија.

 

 

Комбинирање на дневна соба и кујна. Според правилата на фенг шуи, дневната соба е акумулатор во кој се собира сета среќа на човекот, а особено среќата на семејството. Ако ги поврзете кујната и дневната соба, може да стагнира енергијата. Комбинацијата на овие две соби доведува до нарушување на енергијата Чи и негативно влијае на атмосферата во домот.

Складирање на стари, непотребни и скршени работи. Испуканите садови служат како место за акумулација на негативна енергија, а доколку постојано се користат, тогаш оваа енергија може да се пренесе на луѓето. Насобраната негативна енергија води до чести кавги и ја отфрла среќата и просперитетот во куќата. Исто така, ваквите работи негативно влијаат на приливот на финансии. Според фенг шуи, отстранувањето на таквите работи од домот симболично го отстранува проблемот.

Цевки што протекуваат. Бидејќи бањата е една од најнеповолните области, преку оваа зона дома излегуваат позитивна енергија, пари, среќа. Но, неисправна славина само ја влошува енергетската ситуација. Се верува дека водата што истекува го симболизира одливот на финансии, долгови и сиромаштија.

 

 

Помеѓу скалите не треба да има празнини. Во спротивно енергијата ќе расте и ќе излезе од куќата.

Часовниците не треба да се поставуваат над или во близина на вратата. Се верува дека на тој начин времето не работи за вас, и дека оваа позиција може да доведе до неуспех.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.