Компанијата фејсбук соопшти дека повеќе нема да им препорачува на корисниците одредени здравствени групи на таа социјална мрежа во обид да ги спречи дезинформациите кои се објавуваат во такви групи.

Ваквата одлука е донесена поради тоа што, како што велат од комапнијата, сметаат дека корисниците треба да ги добијат вистинските здравствени информации исклучиво од веродостојни извори.

Минатата година Фејсбук отстрани повеќе од милион групи кои ја нарушија политиката на компанијата со дезинформации и штетни содржини.

Компанијата исто така почна да ги отстранува дезинформациите за пандемијата на корона вирусот, кои би можеле да бидат исклучително штетни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.