Еден рибар премногу се изненадил кога во желудникот на рибата која ја фатил нашол сокриена банкнота од 20 долари.

Фотографијата е објавена на Фејсбук страницата „Sharkmen Fishing Charters Melbourne“ и веднаш станала вирална.

„Најдобо – ловиш вечера и потоа имаш пари и за пиво“, се пошегувала Фејсбук екипата, иако имало и такви кои не верувале дека фотографијата е реална.

Ветеринарот Ричмонд Лох, кој стои позади популарниот Јутјуб канал „The Fish Doctor“, за „Yahoo News Australia“ рекол дека банкнотата била таму каде што се очекува да биде кога риба ќе ја проголта. Но додал дека овој вид на риба ретко излегува на површината на водата, но и дека банкнотата од 20 долари не е мал предмет кој туку така случајно може да се проголта.

Д-р Мет Ландос кој го води „Future Fisheries Veterinary Service“ се согласил дека од фотографијата тешко се распознава дали банкнотата била проголтана од рибата или човекот ја ставил таму.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.