Нешто најлошо што може да му се случи на едно семејство е фамилијарното проклетство. Обично тоа е наследно, а се стекнува кога некој предок ќе изврши смртен грев, толку голем што потоа мора целото негово потомство да страда .

Фамилијарното проклетство се манифестира преку постојани кавги, неслога, болести во целото семејство или на некои од членовите во зависност од тежината на извршениот грев, каква болка и солзи предизвикале кај други невини суштества, луѓе или животни, неправди и дали за истите биле колнети и проколнувани.

Како да знаете дали го има во вашето семејство?

Доколку слични симптоми имаат повеќе од двајца членови на семејството или доколку кавгите и несогласувањата помеѓу членовите на фамилијата траат подолго од еден месец.

Многу е чест случај ова проклетство да го влечете директно од вашите родители или баби и дедовци, но многу е можно корењата да се далечни, па дури сега да започнале да се покажуваат симптомите во вашата генерација.

Болестите се повторуваат со генерации, постојат пороци меѓу членовите на фамилијата. Коцкање, дрога и алкохол се само некои од симптомите.

Како да се ослободите од него?

Не е воопшто лесно, патот е макотрпен и треба да бидете истрајни. Препорачливо е да го направите следното:

– Да побарате свештено лице и детално да се исповедате, од детството до денешниот ден.

– Да започнете секој месец да се исповедате или почесто доколку има потреба.

– Мора да ја примите светата причест, но само со благослов на духовникот или свештеникот.

– Во недела и на големи празници да одите во Црква на литургија.

– Да се постат сите поголеми постови, како и секоја среда и петок да се пости.

– Куќата односно домот во кој живеете треба почесто да се свети и кади, барем еднаш месечно.

– Со вода од манастир да се прска куќата секој ден, сите соби освен тоалетите.

– Да палите кандило на Славската икона.

– Секој ден треба да се прочита по една глава од Светото Евангелие (Новиот Завет) и една глава од Апостолите.

– Да пронајдите сили и во вашето срце да им простите на сите кои вам ви згрешиле или мислете дека ви згрешиле.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.