Езерото кое се формирало по вулканска ерупција пред 2.000 години, а кое се вика Машу или Машу-ко, наводно е најчистото во светот.

Зависно од денот, видливоста во него достигнува и до 20, 30 метри. Се наоѓа на островот Хокаиду, на север во Јапонија, во националниот парк Акан-Машу.

Јапонците веруваат дека најстарите жители Аинуи, го сметале езерото за светот. Тој мистериозен народ бил изолиран географски, лингвистички, но и расно – тие имале европски црти на лицето.

Поединечни научници тврдат дека нивни предци биле самураите. Со текот на времето се адаптирале во јапонското општество, па ниту тие не знаат доволно за своите корени.

Светото езеро го опркужува густа магла и кратер од 200 метри кој се спушта во водата. Јапонското министерство за околина строго ги забрани посетите на ова езеро од безбедносни причини, како и поради непристапниот терен, така и за зачувување на чистотата на водата.

На јазикот на Аинуите, Машу се нарекува и „езеро на боговите“. Некои Јапонци веруваат дека на дното од езерото живее дух на жена.

Локалното население верува дека кога некој поминува низ тежок период треба да му се приближи што повеќе на езерото во надеж дека ќе добие инспирација за решавање на проблемите.

Според легендата, секој кој ќе си ја види својата сенка во водата, што е тешко, поради постојаната густа магла, ќе го следу несреќа.

Со длабочина од 212 метри, тоа е едно од најдлабоките езера во Јапонија. Езерото останало недопрено бидејќи нека извори, туку само „стои во место“ и го привлекува вниманието со својата таинственост и убавина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.