Веќе долго време се зборува и се расправа за идеалната разлика во годините меѓу жените и мажите.

Дали некогаш сте слушнале за љубовното правило според кое мажите треба да изберат жена која има половина помалку години од нив и плус седум години? По тоа правило, ова би била совршена врска.

Ова правило во Америка се вика „Џентлменско правило“ и постои уште од далечната 1901 година.

Тогаш е издадена книгата на Макс О`Рел, „Нејзиното височество Жена и неговото височество Купидон“, во која се наведува оваа разлика во годините.

Мажот треба да се ожени со жена која има половина помалку години од него плус седум години. Тоа можеш да го испробаш во секое доба и ќе видиш дека прекрасно функционира“, запишал О`Рел.

Се чини дека ова правило и денес се почитува меѓу некои славни парови – Џорџ и Амал Клуни, Доналд и Меланија Трамп, Мери-Кејт Олсен и Оливер Саркози – дамите се половина помлади, плус седум години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.