Турскиот пејач Мустафа Сандал(51), поранешен сопруг на Емина Јаховиќ, веќе подолго време е во врска со избраничката Мелис Сутшуруп, покрај која ја пронајде среќата после разводот од српската пејачка. Меѓутоа дури сега прв пат сподели нивна заедничка фотографија.

Мустафа и Мелис прв пат се фатени заедно во мај 2019 година, а турските медиуми на големо пишуваа за снимките и фотографиите на кои пејачот и неговата девојка се држат за раце.

Мелис е 20 години помлада од Мустафа. Претприемачка е, сопственичка на моден бутик во Истанбул.

Од претходниот брак има син, додека Сандал од бракот со Емина, ги има наследниците Јаман и Јавуз.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.