Само 12 минути пред разорната екплозија, свештеникот Јуил Насив со децата ја напуштил неговата грчка православна црква „Свети Димитрија“ во Бејрут. По силниот удар, тој брзо ги оставил децата дома и се вратил да види дали има штета во црквата, која ни километар не е оддалечена од местото на екплозијата.

Кога стигнав, се шокирав, признава свештеникот за „Би-Би-Си“.

Црквата била уништена, но светиот простор околу олтарот, заштитен со иконостасот, останал недопред. Дури и ламбата на масло останала да гори.

Недопрено. Библијата, ламбата, реликвиите, сè стоеше на истото место. Дури ни стаклото не беше скршено, опишува свештеникот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.