Уште еден новинар во САД доби отказ поради погрешно известување за трагичната хеликоптерска несреќа во која животот го загуби НБА кошаркарот Коби Брајант и неговата 13 годишна ќерка Џиана.

Мат Гутман, главен известувач за САД на телевизијата „Еј-Би-Си Њус“, првично во јавување во живо известил дека сите деца на Брајант, Наталија (17 години), Бјанка (три) и Капри (седум месеци) се наоѓале во хеликоптерот. Подоцна тој се коригираше во соопштение на Твитер.

Денеска неточно известив дека се смета оти четирите деца на Коби Брајант летале со него. Тоа е погрешно. Се извинувам до семејството на Коби, пријателите и нашите гледачи, напиша новинарот. По ова тој доби отказ од националната ТВ мрежа.

Точно известување за фактите е камен темелник на нашето новинарство. Како што и јави во неделата, известувањето на Мат Гутман првично беше погрешно и не ги исполни нашите уреднички стандарди, изјави претставник на телевизијата.

Гутман жали за грешката што ја направил и уште еднаш се извини до семејството на Коби за „предизвиканата болка од загубата и дополнителното страдање предизвикано од прилогот“.

Од „Еј-Би-Си“ не потврдија дали Гутман е привремено суспендиран или добил траен отказ од работа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.