Актерката Хедер Елизабет Паркхерст заврши во болница откако нејзините љубимци, кучињата од расата пит бул, за малку ја растргнале.

Хедер е зајачица на Плејбој, позната и по улоги во серијата „Омажена со деца, како и филмот „Полицаецот од Беверли Хилс 3“.

Медиумите пренесуваат дека актерката во куќата во Лос Анџелес држи два пит була. Го галела осумесечниот Бејби, кога осумгодишниот Буда, почнал да и ржи како да е љубоморен. Кучињата почнале да се борат, а актерката пружила рака да ги запре и за малку останала без неа.

Актерката се здобила со тешки повреди на раката, меѓу кои преломи на коските, прекини на лигаментите и длабоки исекотини. Оперирана е и вградени и се шини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.