Утринава сите известија за страшниот земјотрес од 5.8 степени по Рихтер кој го погоди Мелбурн, место каде живеат голем број на Македонци.

Според тамошните медиуми по потресот илјадници домаќинства останале без електрична енергија а исто така причинете е и материјална штета.

Поранешната македонска пејачка од дуото близначки Маријана и Росана долги години живее во Австралија, па таа беше едно од луѓето кои многу се испаничија поради потресот, па утрово со потресен статус ја пренесе својата страна од приказната, за тоа како го доживеала силниот потрес.

Јак земјотрес во Мелбурн. До толку бев исплашена од звуците, тресењето, паѓањето на сликата од ѕидот, едвај и дојдов до вратата. По се изгледа сум заборавила што е земјотрес, напиша пејачката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.