Несогласувањето и нетрпеливоста меѓу принцезата Меган Маркл, сопругата на принцот Хери и британското кралско семесјтво е добро позната.

Таквото несогласување е и една од главните причини што Меган и Хари се откажаа од кралските обврски и заедно со својот син, Арчи, се преселија во Калифорнија.

Таквата нивна постапка не остана незабележана од британските медиуми, кои отворено се ставија на страната на кралското семејство и ја користат секоја пригода да ја оцрнат Меган и да ја прикажат како виновна за случувањата.

Таквото „демонизирање“ на Меган е особено забележливо ако се види како британските медиуми, кои инаку се гордеат со својата „непристрасност“, ги опишуваат идентичните постапки на двете британски принцези, Меган Маркл и Кејт Мидлтон, сопругата на принцот Вилијам.

Во пишувањата на медиумите, сосема е јасно дека Кејт е кралскиот „ангел“ додека Меган е претставена како „полоша од ѓавол“.

За гушкање на стомакот за време на бременоста:

За Кејт: „Уште малку! Бремената Кејт нежно го гушка стомачето, додека ги завршува кралските должности пред да замине на породилно – а Вилијам потврдува дека секој момент може да се породи!”

За Меган: „Зошто Меган Маркл не може да ги одвои рацете од стомакот? Експертите одговараат на прашањето што ја разбранува нацијата: Дали е гордост, суета, глума – или њу ејџ техника за поврзување со бебето?”

За авокадото:

За Кејт: „Лекот на Кејт за утринска мачнина? На принцот Вилијам му подарија авокадо за бремената војвотка.”

За Меган: „Бремената војвотка од Сасекс промовира овошје поврзано со рестрикции за вода, нелегално сечење шуми и општ пустош на околината.”

За односот со кралицата:

За Кејт: „Карол победи во битката меѓу бабите! Војводата и војвотката од Кембриџ ќе го поминат Божиќ со семејството Мидлтон, наместо со кралицата во Сандрингем.”

За Меган: „Зарем не заслужува кралицата подобро од ова збунувачко отсуство за празник? Ричард Кеј го испитува влијанието на одлуката на Хари и Меган да не го поминат Божиќ со кралското семејство.”

За како Меган „ќе ја убиеше малата принцеза“:

За Кејт: „Секогаш можете да се изразите со цвеќиња.”

За Меган: „Како цвеќињата на Меган Маркл го доведоа во опасност животот на принцезата Шарлот.”

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.