Доколку сакате да се ослободите од непријатните мириси во тоалетот, сè што ви треба е чешне лук. Звучи неверојатно, но тие што пробале, тврдат дека дејствува. Ако ви се случувало да не можете да се ослободите од непријатниот мирис дури ни со помош на најсилните хемиски препарати, испробајте го овој трик.

Еднаш неделно во тоалетната шолја ставајте чешне лук и оставете го да преноќи така. Утредента, сите непријатни мириси ќе исчезнат. Утредента, треба само да пуштите вода.

Лукот содржи алицин, што и му дава силен, специфичен мирис. Но освен за мирисот, алицинот е многу делотворен во борбата против бактерии и габички, кои всушност се извор на непријатни миризби и тоа не само во нашето тело, туку и на неочекувани места, каде што тие се размножуваат.

Ако го повторувате овој процес еднаш неделно, во шолјата ќе има многу помалку бактерии, а лукот успешно дејствува и против жолтите наталожени дамки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.