Несекојдневна снимка од операциона сала во болница во Прибој во западна Србија ги шокира корисниците на социјалните мрежи.

На снимката се гледа пациен кој лежи на операциона мас и заедно со медицинскиот персонал го пеат хитот од Сафет Исовиќ „Све бехара“ додека лекарите го оперираат.

Сестрите вероватно се обидуваат да го намалат стравот кај пациентот за време на операцијата, па од мобилен телефон пуштаат музика, пеат и џускаат покрај пациентот кој се обидува да ги следи.

Во еден момент пациентот кажува што му фали за да му биде што поугодно.

Уште да има малку ракија, добро би било – зборува пациентот.

Не е познато каде и кога точно направено е ова видео, но корисниците на социјалните мрежи велат дека оваа сцена не е нешто неообично.

Мене кога ме сечеа одеше песната „Све је исто само њега нема“, веројатно тоа оди по потреба – напишал еден корисник.

Снимката веќе предизвикала бројни реагирања на социјалните мрежи. Додека едни ја прифаќаат оваа журка во операционата сала како неопходна за поуспешна операција, други ваквата постапка ја осудуваат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.