Актерот Џеки Чен се огласи на социјалните мрежа во врска со коронавирусот кој го тресе светот.

Чен им се заблагодари на сите пријатели и обожаватели кои се загрижиле за неговото здравје, но посочува дека се чувствува добро и дека не бил во карантин.

Јас сум здрав и безбеден, не сум бил во карантин. Добив многу пораки од пријатели кои прашуваат дали сум добро. Би благодарам на вашата љубов и грижа! Добив и некои специјални подароци од фановите низ целиот свет во ова многу тешко време. Ви благодарам за маските за лице. Побарав од мојот прекрасен персонал да ја донира вашата љубезност преку официјалните организации на оние на кои им е најпотребно. Ви благодарам!, напиша Чен на социјалните мрежи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.