Главниот извршен директор на компанијата Амазон, Џеф Безос, во средата стана првиот човек во светот досега со вредност на богатството од 200 милијарди долари, според списанието „Форбс“.

Медиумот објави дека Безос вреди 204,6 милијарди долари заклучно со 01:50 часот по источно време во средата, кога акциите на Амазон стекнаа со раст од 2% на берзата на хартии од вредност, а го затворија трговскиот ден со 2,85% во зелена боја.

Според пресметките на „Форбс“, богатството на основачот на „Амазон“ е најголемото дури и кога се зема предвид инфлацијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.