Поп-пејачот Џастин Бибер со своите обожаватели на Инстаграм сподели дека пати од неизлечива болест.

Многумина зборуваат дека изгледам како пропаднат, дека се дрогирам и слично, а не гледаат дека сум болен. Неодамна откриено е дека патам од лајмска болест која се одрази на мојата кожа, мозочната функција, енергија и целокупната здравствена состојба, навел канадскиот пејач.

Џастин деталите за својата здравствена состојба ќе ги објави на Јутјуб. Таму видео платформата ќе јаискористи да направи документарна серија за да видат луѓето колку многу тој се бори.

Лајмската болест е инфекција предизвикана од бактерија Borrelia burgdorferi (Bb) која ја пренесуваат заразените крлежи од родот Ixodes.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.