Два мажи беа пронајдени како шетаат по улица со пресечени пениси, во два одделни инциденти во Шпанија.

Според шпанскиот весник „Диарио сур“, шпанската полиција пронашла маж како шета по улиците на Беналмадена, Коста дел Сол, со парцијално ампутиран пенис, по што итно бил пренесен во болница. Докторите откриле дека мажот си го обвил пенисот со врвки за чевли и стегачи за коса, со крвава глава, а на вратот имал знаци од задушување.

Полицијата сè уште не го знае идентитетот на мажот, но се верува дека е Шпанец на возраст од 30-35 години. Истрагата е во тек, по што ќе се покаже дали повредата си ја нанел самиот во состојба на вознемиреност.

По операцијата тој е во стабилна состојба, но не се открива дали докторите успеале да го спасат неговиот полов орган.

Пред неколку недели, пак, сличен бизарен инцидент се случил во Сарагоса, кога 33-годишен Британец бил пронајден крвав како шета по улица.

Неговиот пенис бил целосно отсечен, но лекарите успеале да му го зашијат.

Полицијата го уапсила неговиот цимер, кој го извршил ампутирањето, но исто така го открила и огласот кој Британецот претходно го ставил на интернет и во кој тој барал човек кој ќе му го отсече половиот орган.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.