Претседателот на Филипини, Родриго Дутерте, ја пофали вакцината против Ковид-19, која ја разви Рускиот фонд за директни вложувања, нагласувајќи дека е подготвен да биде првиот човек кој ќе ја прими вакцината во неговата земја.

Ќе му речам на претседателот Путин дека имам голема доверба во нивните студии во борба против Ковид-19 и верувам дека вакцината која ја произведоа е навистина добра за човештвото, изјави Дутерте во понеделникот, додавајќи дека тој може да биде првиот за експеримент.

Дутерте во вторникот изјави дека Филипини се подготвени да работат со Русија на испитување на вакцината, снабдување и продукција.

Во меѓувреме директорот на рускиот фонд Кирил Димитријев потврди дека фондот е подготвен за одржување на клинички испитувања на вакцината против коронавирусот на Филипини во август.

Рускиот претседател, Владимир Путин денеска соопшти дека Русија регистрирала вакцина против корона вирусот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.