Поранешниот светски боксерски шампион Владимир Кличко беше спасен од шпанската крајбрежна стража од запалена луксузна јахта.

Пожарот беше брзо изгаснат и за среќа сите поминаа без повреди. Тој испрати порака, поточно видео, на социјалните мрежи да го сподели своето искуство со инцидентот.

Бидете внимателни што посакувате. Судбината ја прифати мојата желба за „малку адреналин“ и тоа буквално. Нашето патување со брод во неделата вечер заврши во нашиот брод кој се запали, а семејството и пријателите се евакуирани од крајбрежната стража и од тимот за спасување. Без грижи, сите сме во ред – напиша Украинецот на Твитер.

Се повлече од боксот во август 2017 година после поразот од Ентони Џошуа на Вембли стадионот.

Иако се шпекулира дека можно е да се врати во рингот. Како што тврди „ДАЗН“, му бил понуден мега-договор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.