Богдан Илиевски, кој на македонската јавност и стана познат по интересните статуси полни со саркастични критики на актуелните случувања, напиша порака упатена до легендарниот тенисер Роџер Федерер. Неговиот статус доаѓа по вчерашните пораки кои беа упатени до српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.

Драг Roger Federerr, твојата легендарна кариера со рекетот нѐ воодушеви сите во нашата земја, која е полна со рекетари. Те чекаме и тебе во Охрид и Скопје и на сите други убави места, тука во нашиот мозаик од култури и вредности за во случај да дојт Џоковиќ да си имат другарче дур е тука, да не му досадвет нашиве и да му додавет “Се***на” секојпат ко ќе речит Македонија. Те поканувам од името на Охриѓани (пошо за Нолета канењево одеше преку други градој) и смештај ак требит ќе средиме најповолно полн пансион и све ќе ти е сервирано толку убо шо и да сакаш не ќе мојт да вратиш на сервисот. Ти си наша гордост и побратим пошо Македонија е на одличен пат да станит Швајцарија на Балканот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.