Нема сомневање дека борбата за богатството кое го стекнал Диего Армандо Марадона, ќе биде компликувана, долга, сурова, болна и немилосрдна!

После солзите и тагата поради смртта на легедната почнува беспоштедната борба за наследство.

Легендарниот фудбалски ас имал исклучително бурен љубовен живот. Од еден брак и три вонбрачни врски има пет деца кои ги признал. Меѓутоа, уште 4 жени тврдат дека му родиле на Марадона вкупно 6 деца. Две деца живеат во Аргентина, а 4 на Куба.

Сите сметаат дека дека имаат право на дел од наследството.

Познатито портал Селебрити Нет Ворт, кој ја следи заработката на славните личности, проценува дека Марадона во кариерата заработил околу половина милијарда долари. Меѓутоа никогаш не штедел пари, максимално уживал во животот. Лесни жени, дрога, луксузни недвижнини, скапоцени автомобили, накит, алиментации. Потрошил огромно богатство, ама се проценува дека му останале околу 75 милиони долари.

Марадона не напишал тестамент и тоа дополнително ќе ја закомплицира распределбата на неговиот имот.

Пет признати деца ќе бидат во предност. Ќерките Далма(34) и Џанина (31), родени во бракот со Клаудија Вилафан, единствена законска сопруга на славниот фудбалер. Потоа синот Диего Јуниор(34), роден во врската со Кристина Синагра, ќерката Јана(25) од врската со Валерија Сабалаин и Диего Фернандо(7), роден од врската со Вероника Оједо.

Меѓутоа и непризнаените деца го сакаат својот дел. Две деца од Аргентина и 4 од Куба тврдат дека Марадона им е татко.

Значи дури 11 деца ќе се борат за богатството, а судот потврди дека приоритет ќе имаат најстарите деца на Марадона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.