Докторите од Втората народна болница во Јибин, југозападна Кина, морале да оперираат маж за да му ја извадат јагулата која му се вовлекла во задникот. Оваа несекојдневна медицинска интервенција беше снимена и споделена на интернет, а на видеото може да се види како медицински лица ја вадат рибата од неговото тело.

Јагулата дури се чини дека е сè уште жива и се грчи додека лекарот ја отстранува.

До несреќата дошло откако неговите пријатели, наводно, му ја вметнале азиската мочуришна јагула во гаќите за шега, но таа веднаш се вметнала во телото и исчезнала.

Човекот се опоравил од операцијата и не се очекува да трпи некакви долгорочни последици како резултат на оваа „шега“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.