Меган Маркл верува дека нејзе и на нејзиниот сопруг, принцот Хари правилата кои им ги наметнува британското кралско семејство се казна поради тоа што сакаа да бидат независни, изјавиле нејзините пријатели за „Daily Mail“.

Меган им се пожалила на своите пријатели минатата седмица, откако кралицата Елизабета им забрани неа и на Хари да го користат терминот „кралски“ во своите брендови.

Парот подоцна објави необично соопштување во кое се жали дека палатата ги третира поразлично од сите други членови на кралското семејство.

Меган кажа дека таа и Хари немале избор освен да излезат со јавно соопштување. Таа укажа дека доколку некој треба да се чувствува навредено, тогаш тоа се тие двајца – објаснил некој нејзин пријател.

Тие никогаш немаа намера да добијат некаква корист од употребата на терминот „кралски“, а индикациите дека тие го злоупотребуваат тоа и своите привилегии се апсурдни, тврди изворот.

Меган исто така верува дека кралицата била под притисок да донесе такви рестрикции на употребата на тој термин затоа што Хари е нејзиниот „миленик“, а другите тоа не можат да го поднесат.

Меган исто така им се пожалила на пријателите дека не постои правна забрана која неа и на Хари им забранува да го користат тој термин, пренесуваат од „Daily Mail“.

Меган навела дека причината поради која таа и Хари направиле свој сајт „Сасекс ројал“, на прво место било тоа што е транспарентно. Тоа што било напишано таму, било напишано внимателно и никако не било приговор кон кралицата.

Меган кажа дека со Хари ќе продолжат да се воздигнуваат над љубомората и ситничарењето и дека ќе се фокусираат на доброто кое што го создаваат и ќе станат што подобри родители на својот син Арчи. Таа исто така кажа дека ќе продолжи да го поддржува Хари затоа што тој има најмногу интегритет и лојалност од сите останати!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.