Во Украина, една 51-годишна жена се обидела да ископа подземен тунел, со цел да го ослободи синот кој е во затвор. Сега и самата таа се соочува со затвор.

Жената, чиешто име не се споменува, изнајмила куќа во близина на затворот во Запорожје на југот на Украина, каде што нејзиниот син издржува доживотен затвор. За копање на тунелот таа користела лопата и копач. Копала само ноќе за да не привлече внимание, а до затворот доаѓала користејќи електричен скутер.

До мигот кога беше уапсена, таа ископала околу три тони земја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.