Две момчиња спасиле кученце од ладните езерски води. Според ФБ статусот кучето било „шутнато“ во Езерото, но благодарение на овие момци истото е извадено.

Додека некој ги труе, чест на ваквите луѓе кои го извадија кучето од езерото… и јас трчав да помогнам, но овие двајца луѓе беа побрзи од мене. Загрижени што кучето нема од каде да се качи на аовој дел од кејот легнаа на земи, не им пречеше што врнеше и го спасија.
Еден од луѓето беше турист, Србин.
А тој што го шутна кучето в езеро (да, го видов чинот) не знам, напиша Јордан Коцевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.