Вељко Ражнатовиќ, кој на крајот на минатиот месец застана на лудиот камен, откри дека одлично си поминал на свадбата, која многумина ја сметаат за свадба на деценијата.

Јас некако супер си поминав! Сите нешто ме прашуваат, а мене ми беше супер. Ја крунисавме својата љубов – ги кажал Вељко впечатоците за свадбата.

Ражнатовиќ подготвија свадба на која сакаа да ги одржат сите српски обичаи, па така Вељко одеше по невестата, а за да влезе во дворот, мораше да погоди јаболко. Младоженецот од прва го погодил јаболкото, а неговиот покоен татко Жељко Ражнатовиќ Аркан од шести пат.

Добро пукам од се – скромно рекол Вељко, а потоа кога го споредиле со татко му и дека бил подобар од него, нашол оправдување.

На него подалеку му беше јаболкото – рекол Вељко.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.