Тетовчанката Наташа Апостолоска која доживеа вистинска трагедија на 12 октомври 2018 година кога во тешка сообраќајна несреќа загина нејзиниот сопруг, а таа беше тешко повредена и го изгуби нероденото бебе, бурно реагира за денешната пресуда на предизвикувачот на несреќата.

Денеска во името на граѓаните на РСМ судијата Елена Илиевска Јосифовиќ при ОС Скопје 1 му изрече условна осуда на оној кој ми го одзеде сопругот на 32 години, бебето и мене ме остави со тешки телесни повреди!!! Само затоа што признал! Дно дна !!!, регира на Твитер оштетената Наташа Апостолоска од Тетово.

Таа во коментари вели дека и самата е адвокат и дека е огорчена од пресудата во која виновникот кој и ги одзел и е причинител на несреќата е ослободен и нема да сноси никаква огдоворност.

Едино образложение кое го даде судијата е дека признал, а тој не ни дојде денес, а ни од ОЈО не дојдоа. Се друго ќе образложеле во пресуда со тоа што ми потенцираше дека за штета и трошоци ќе ми досуделе, како да тоа ми значи во животот кога го изгубив најсаканото, животот – пишува Наташа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.