Девојката која носела шишиња со вода на црвениот тепих на вчерашните Златни глобуси стана вистински хит на интернет откако ги “фотобомбардирала” сите ѕвезди, пишува “The Sun”.

Непознатата девојка која носела шишиња со вода “Fiji” станала ѕвезда на доделувањето на наградите со нејзиното појавување зад некои од најпознатите светски личности. Оние кои ги гледале Златните глобуси веднаш ја воочиле бринетата која се појавила зад Дакота Фенинг, Џим Кери, Идрис Елба…

„Девојката која носела “Fiji” вода е ѕвезда на вечерта”, е само еден од коментарите што се појавија на социјалните мрежи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.