Триесетитригодишната Кимберли Нелиган од Мејн, САД, е уапсена под сомнение дека ја убила својата едногодишна ќерка. Нелиган најмалку 15 пати во текот на два месеци ѝ ги мачкала непцата на ќерка си со дрога за полесно да заспие. Девојчето починало на 10 ноември лани.

Мајката е уапсена дури во вторникот, речиси година дена по смртта на бебето, а кога ја извеле пред суд и кога видела дека тука се медиумите, пред камерите покажала среден прст.

Обдукцијата на бебето покажала дека таа починала од преголема доза на фенталин, лек против болки за кој експертите велат дека е 100 пати појак од морфиумот, а 50 пати од хероинот. Илегално често се меша со хероин за да го зголеми еуфоричниот ефект кај корисниците.

Нелиган негирала дека на бебето му давала хероин при првото испитување, но под упорно испрашување на детективот се скршила и признала дека го правела тоа. Дури и се бунела зошто ја напаѓаат кога тоа им го правела и на постарите деца и не им било ништо!

Нејзиниот сопруг сведочел дека видел како со нешто ги трие непцата на бебето за полесно да заспие, но на крај памет не му текнало дека тоа може да биде хероин.

Против неа може да биде покренато обвинение за кривично дело за загрозување на дете и поседување на дрога, но медиумите наведуваат дека ќе биде обвинета и за потешки дела кога истрагата ќе заврши.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.