Индонезијката Хеди Хаура има само четиринаесет месеци и пие 1,5 литри кафе на ден повеќе од половина од својот животот. Родителите велат дека се принудени да стават кафе во шише затоа што немаат доволно пари за да купат млеко.
Анита и нејзиниот сопруг Сарифудин работат како надничари и заедно заработуваат нешто повеќе од еден долар на ден, што не е доволно за да ги покрие дури и најосновните потреби во животот. На Хеди почнале да и даваат кафе кога девојчето имало едвај шест месеци.

Немавме избор, немавме доволно пари за млеко. Таа секој ден пие три полни шишиња сварено кафе со шеќер и тоа не и наштетува“, тврдат родителите.

Девојчето, како што објавија локалните медиуми, засега нема здравствени проблеми. Уште повеќе, се развива како и секое здраво дете. Сепак, родителите признаваат дека таа честопати има проблеми со заспивање и дека се случувало да остане будна цела ноќ играјќи си.

Проблемот е во тоа што девојчето станало зависно од кофеин, и самата неколку пати во денот бара шише со кафе.
Властите реагирале дури откако Анита се пожалила дека, и покрај бројните апели, социјалната служба не помогнала ниту еднаш не помогнала и не му обезбедила на детето тоа што му треба.
Сега Малата Хеди треба да има млеко секој ден, а лекарите и работниците во Центарот за социјална грижа строго им забраниле на нејзините родители да и даваат на кафе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.