Јарака Бејлс објави видео од нејзиниот син, Куеден, кој е роден со генетско нарушување што предизвикува џуџест раст. На видеото е прикажано момче (9) кое незапирливо плаче во автомобилот, откако друго дете во училиштето го задева за неговиот изглед.

Неговата мајка, Јарака, рече дека со објавување на видеото, сакала да ја подигне свеста за малтретирање и злоупотреба, но и да добие совети од другите родители за тоа како да се справи со последиците.

Сакам сите да знаат како злоупотребата влијае врз нас. Еве што му прави. И, тогаш сите се прашуваат зошто има самоубиства меѓу децата “, се слуша мајката на снимката додека и самата плаче.

 

Сакам луѓето да знаат колку ова ни штети на нас, на целото семејство. Морам да внимавам на него да не се самоубие “, додава таа.

Мајката исто така рече дека се надева дека училиштата подобро ќе ги едуцираат другите деца за децата со посебни потреби, така што нема постојано да се исмеваат со нејзиниот син.

Откако вчера го објави ова видео, било видено дури 11 милиони пати и мајката доби безброј пораки за поддршка.

Веднаш по снимката актерот Хју Џекмeн (51) испрати порака во јавноста во која го поддржува ова момче.

Квајден, посилен си од своите врсници и што и да се случи, имаш пријател во мене. Ве молам, да бидеме внимателни едни кон други – насилството не е во ред. Животот е доволно тежок, затоа да запаметиме, секоја личност која стои пред нас се соочува со некоја битка, затоа само бидете љубезни – порачал Џекмен.


Покрај него, се огласил и Џефри Дин Морган, исто така порачувајќи му на Квeјден дека не е сам.

Не го знам твоето име, не го знам ниту името на твојата мајка, но го видов твоето видео. Сакам да знаеш дека имаш пријатели. Јас сум ти пријател. Сè уште не си ме запоизнал, но наскоро тоа ќе го промениме. Твојата мајка може да ми прати порака. Тука сме и ти го чуваме грбот. Мораш да знаеш дека ќе биде подобро. Децата умеат да бидат ужасни и тоа боли, но ќе биде подобро. Ветувам дека ќе биде. Во ред? Пратете ми порака – порачал Морган.

За помалку од еден ден за деветгодишниот Квејден од Австралија се собраа над 210.000 долари, со цел тој да замине на патување во Дизниленд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.