Деветгодишно дете од градот Севернас, во американската сојузна држава Колорадо, успеа да го „омекне“ градскиот совет и тој укина речиси стогодишна забрана за мавање со снежни топки.

Дејн Бест објасни дека им се обратил на градските власти за да ги убеди да се вразумат и да го сменат законот, јавија локалните медиуми.

Денешните деца мора да имаат добра причина за да излезат и да играат надвор – рече Бест.

Тој го кажа ова на состанокот на градскиот совет.

Истражувањата велат дека недостигот на игри на отворено доведува до дебелина, АДХД (синдром на недостаток на внимание и хиперактивност), анксиозност и депресија – истакна деветгодишникот објаснувајќи дека „сака да фрла снежни топки без да го прекрши законот“.

Речиси стогодишната забрана за фрлање камења или проектили, која, за жал, се однесувала и на снежни топки во градот од 4.000 жители, е застарена и значи дека секое дете што фрла снежна топка го крши законот.

Децата на Северанс само сакаат да имаат право да се маваат со снежни топки како и сите други деца во светот – рече Дејн.

Неговите аргументи беа убедливи, па Градскиот совет едногласно ја укина забраната. По гласањето, градоначалникот му понудил на Дејн тој да ја фрли првата снежна топка – според закон.

Детето рече дека неговата омилена цел ќе биде неговиот помал брат и оти ќе даде се од себе да не скрши некој прозорец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.