Детето на новата министерка за образование и наука, Мила Царовска ќе ја следи наставата од училница, односно со физичко присуство, објави „Фокус“.

Царовска вели дека одлучиле нејзиниот син, третоодделенец од 1 октомври да седне во училишните клупи во едно од државните скопски основни училишта.

Моето дете ќе ја следи наставата со физичко присуство бидејќи е на возраст која бара детето да биде во училница. Со оглед на возраста, како родител сметам дека тоа е добро за неговиот психо физички развој, вели Царовска.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.