Министерката за правда Рената Дескоска го прослави 48. роденден, а свеќичките на тортата наместо да ги дувне, ги угасна со фен.

Се изгасија свеќичките на тортата (со фен, без дување, согласно препораките за заштита од корона). Посакувам што поскоро да живееме во безбеден корона-free амбиент. Воедно на сите новинари им го честитам денот на слободното новинарство. Баш ми е ќеиф што роденденот ми е на нивниот и наш ден – на денот на слободата на изразување. На сите Вас, моите пријатели кои одвоивте време за мене денес, Ви благодарам на честитките и Ви посакувам да Ви се враќа се најубаво. Бидете живи и здрави. Stay safe and corona-free!, порача министерката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.