Властите во Јужноафриканската Република (ЈАР) соопштија дека е во тек лов на повеќе крокодили кои побегнале од одгледувачница во провинцијата Западен Кејп.

Само синоќа биле заловени 26 единки.

Досега уловивме 26 од нив, но не можеме да прецизираме уште колку се на слобода – изјави денеска портпаролот на владината Агенција за животна средина „Кејпнејчр“ (CapeNature).

Станува збор за непознат број нилски крокодили со должина од 1,2 до 1,5 метри избегани од одгледувачницата на реката Бри. Побегнатите животни претставуваат само умерена опасност за луѓето бидејќи се навикнати на редовно хранење и не ловат. Но, сепак, се работи за диви животни и властите апелираат луѓето да ги избегнуваат реките.

Крокодилите главно се одгледуваат за производство на кожа. Слатководните крокодили, какви што се нилските, може да пораснат и до пет метри должина, а мажјаците може да достигнат тежина и до половина тон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.