Празникот Цветници познат уште и како Цветоносна недела и Врбица, секогаш е една недела пред Велигден и се празнува во спомен на влегувањето на Исус Христос во Ерусалим, кога неговите ученици и симпатизери со цвеќе и врбови гранчиња, како и со својата облека, му го постилале патот.

Неделата, една седмица пред Велигден е празникот Цветници познат уште и како Цветоносна недела и Врбица, што се празнува во спомен на влегувањето на Исус во Ерусалим, кога неговите ученици и симпатизери кршеле цвеќе од дрвјата и врбови гранки и со нив, како и со својата облека му го постилале патот по кој минувал. Саботата пред Цветници се вика Лазарева Сабота или Лазарица, односно Лазара. Според преданието, во саботата умрел Лазар од Витанија, а во неделата Исус го воскреснал. Поради тоа во народот неделата се смета за поголем празник од саботата.

Во знак на сеќавање на луѓето кои во Ерусалим го дочекле Исус со цвеќе, обичај е девојките и децата да поранат и одат на наберат цвеќе. Се верува дека оној кој прв набере цвет добива право на една желба, ако силно верува во тоа.

Во некои краишата набраното цвеќе не се внесува во куќата, туку се остава во садови со вода во дворот да преноќи. Сепак бидејќи по градовите  се живее во станови, се развил обичај букетите да се внесуваат дома, да се потопат во вода со златни и сребрени прстени и со таа вода потоа да се замијат децата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.