Иако сите христијански празници се со повеќеслојно значење, овој е еден од посебните во тој поглед.

Денеска црквата ја слави милоста Божја што им даде син на старите родители на свети Јован, Захарија и Елисавета. Го слави и чудото што се зачна плод во утробата на Елисавета.

Ја слави и мудроста Божја, бидејќи Јован беше оној што го истапка патот за целосното богојавување во реалната историска личност на Исус Христос.

Црквата го слави свети Јован Претеча и Крстител во неколку прилики, зашто тој е граничниот камен на Стариот и Новиот завет и, како што рековме, почеток на целосното објавување на Бога како Света Тројца на празникот Богојавление, меѓу народот познат како Водици.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.