Светол или Воскресен вторник е вториот ден после Велигден, кога продолжува прославувањето на најголемиот христијански празник. Службите во црквите се исти како и претходните денови. Продолжува и славењето во домовите на православните верници.

Воскресните празници траат три дена, па на Воскерсниот вторник продолжуваат гозбите и веселбите, на кои се гостат роднини, кумови, комшии и пријатели, и тоа е време кога се собираат роднините и од подалечните краеви.

Во народот овој вторник се смета за најдобар во целата календарска година. Понекаде во селата, иако не е раширен обичај, се одржуваат свадби бидејќи се смета дека благодетта на овој ден може да се пренесе на новите сопружници и нивното новооснавано семејство.

Она што е најважно денеска, како и во претходните два дена, е да се дели радоста со блиските.

Народното верување тврди дека оние кои нема да го испочитуваат оваа едноставно правило,му пркосат на Бог и Христос и нема да им оди во животот, како што треба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.