Според календарот на МПЦ денеска е Свети Георгиј Исповедник.

Поради големата добродетел што ја стекна со долготраен подвиг, Георгиј беше избран за митрополит митиленски. И светителот управуваше со словесното стадо ревносно и мудро до својата старост. Но кога настана гонењето под Лав Ерменин, којшто ги ништеше Светите икони, овој свет старец беше повикан од царот во Цариград на собор на епископи којшто требаше, според желбата на царот, да го уништи иконопочитувањето.

Но, Георгиј не само што не направи според желбата на злобниот цар туку со некои храбри епископи стана во заштита на Светите икони. За ова беше исмеан и од царот протеран во пределите на Херсон, каде што во телесна беда и секаква неволја го помина остатокот од својот земен живот. Се упокои и се пресели во Царството на бесмртноста околу 816 година. Заради својата голема праведност и љубов кон Господ Исус, беше чудотворец за време на животот и после смртта.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.