Денеска, 10 јуни (четврток) е голем ден за православните верници. Се слави Вознесение Христово – Спасовден, празник кој се одбележува 40 дена по Велигден, а десет дена пред Духови. Овој празник секогаш се слави во четврток.

Именден празнуваат: Спасе, Спасија, Спаска…

За овој празник се врзани многу верувања и суеверија, кои во некои краишта се уште се почитуваат. За Спасовден се колеле јагниња, а старите верувале дека од Нова година до Спасовден не треба да се пие млеко.

Се верувало дека на Спасовден мажите не треба да се бричат, жените да се мијат, ниту децата да се бањаат.

На Спасовден не се работат тешки работи, бидејќи се верува дека така се штити куќата од неволји, а децата од болести.

На Спасовден никако не треба да се спие преку ден, за да не се дреме цела година.

На тој ден богатите по одењето од црква повикувале гости на ручек, а помалку богатите го продолжувале дружењето пред црква, каде народот се собирал и веселел.

И Крстот е составен дел на Спасовден. Се смета дека народот треба да направи крст и да го стави на својата куќа или во друг дел за да ги избрка лошите демони.

Девојките на овој ден треба да зберат што повеќе цвеќиња бидејќи е ден за гатање. Потоа треба со ливчињата да прават „Ме сака не ме сака“, за да видат дали саканиот ги сака.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.