Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 30 јануари и православните верници ги честуваат Св. три Ерарси. Празников е установен во единаесеттиот век, иако тројцата светители (Василиј Велики, Григориј Богослов и Јован Златоуст) на кои денес Црквата се сеќава живееја во четвртиот век. Со тек на времето, нивната светост почна да се мери со човечки мерила, па така овие светители наместо причина за соединување во љубовта станаа предмет на меѓусебни разделби. Христијаните се делеа, мерејќи кој од нив е посвет од другите. За да го запре безумието Црквата го установи нивното заедничко и рамночесно празнување на овој ден, иако секој од нив има и свој посебен празник.

Овие светци се сметаат за заштитници на луѓето и на животните од мраз, ладно време и зли ветрови. Затоа, според старите верувања, се смета дека какви што ветрови ќе дуваат денеска, такво ќе биде времето во текот на годината.

Исто така, денеска не треба да се работи тешка работа по дома.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.